Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Недела од техничката Влада: Меѓусебни обвинувања, негирања и партиски делувања

0
By Нова ТВ on January 10, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sdk.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2020 09:17

Обвинувања за опструкции и негирања, непознавање на законите и делување во функција на матичните партии се белези на првите денови од работењето на ресорите каде има кадровски измени во техничката Влада што беше избрана на 3 јануари.

Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вчера на прес-конференција изрази разочарување од, како што рече, опструкциите на нејзината работа во Министерството.

„Вчера бевме сведоци на еден немил настан каде од Кабинетот на министерката беше испратен допис до сите вработени, во кој се укажува дека на секое мое барање што ќе биде упатено до кој било раководител на сектор или државен советник нема да ми одговараат директно, односно одговорите прво ќе се праќаат до кабинетот на министерката, а подоцна до мене“, рече Димитриеска Кочоска.

Фото: bankometar.mk

Таквите обвинувања, министерката за финансии Нина Ангеловска ги искоментира со констатација дека не треба да си дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и каде оди секој денар. Тоа, како што рече, сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“.

„Обидот, еден меил испратен од кабинет кој содржи процедура за работа, да се претстави како завера, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање“, рече Ангеловска, изразувајќи надеж дека конструктувно ќе продолжи натамошната соработка со техничката дополнителна заменик-министерка и нејзините соработници.

Во преписките се вклучи и СДСМ, од каде пак, истакнаа дека тимот на Кочовска е составен од луѓе на поранешниот премиер кој е во бегство, Никола Груевски, нагласувајќи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е заглавен во режимската матрица.

„Наместо да работат во функција на спроведување на изборите, кадрите на Мицкоски во преодната Влада опструираат и шират невистини“, оценија од СДСМ.

Во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), еден од двата ресора кој доби министер на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повод за обвинувања и меѓусебни реакции беше објавата на министерката Рашела Мизрахи дека има нерешени барања за помош и нега од друго лице.

Фото: frontline.mk

 

Мизрахи вчера информираше дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Тоа, според неа, говори дека Владата и Министерството досега ги ставале под тепих проблемите на граѓаните.

Според заменик министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, техничката министерка Мизрахи, со тврдењето дека не се решаваат навремено барањата за право на додаток за помош и нега од друго лице и оти се пробиени сите законски рокови, покажала оти не го знае Законот за социјална заштита.

Фото: emagazin.mk

„Загрижувачко е слабото ниво на познавање на законите на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита, ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка. Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена“, се вели во реакцијата на заменик-министерката Шкријељ.

Владата, додава таа во реакцијата, изгради децентрализирани Комисии за помош и нега од друго лице за разлика од едната централизирана Комисија која, како што вели, беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и им наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање.

Фото: dw.de

Обвинувања заначинот на работа во изминатите денови имаше и во министерствата за внатрешни работи и за информатичко општетсво и амдинистрација. Новиот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во интервју за ТВ Алфа изнесе тврдења дека во Министерството се делеле незаконски решенија и оти постои наводна поврзаност на вработени во  МВР со криминалните структури. Тоа беше отфрлено од владејачката СДСМ од каде истакнаа дека неговите тврдења се невистините и оти тој само за два дена од работењето потврдил дека е дел од режимската матрица.

Невенка Стаменковска Стојковски дополнителен заменик министер во МИОА, пак, обвини дека во последните два месеца од страна на овој ресор се вршела брутална партизација на институциите, што преку соопштение беше отфрлено и како што потенцираа, сите постапаки биле транспарентни и притоа се почитувале законските процедури, а кандидатите биле вработувани исклучиво по усвоени годишни планови за вработување.

ВМРО ДПМНЕ Македонија Негирања обвинувања СДСМ Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.