Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Серија А
Реализација на капитенот на македонската репрезентација од 45. минута не беше доволна за бод(ови) на Џенова да излез од опасната зона на табелата. Рома славеше на „Луиџи Ферарис“ со 3:1 и ги остави домаќините на претпоследното место со само 14 бода. Јувентус во последниот меч од неделната програма ја совлада Парма со 2:1
„Нероазурите“ го совладаа и Лацио со 1:0 во дербито на вечерта и останаа на лидерската позиција на табелата со два бода повеќе од Јувентус. Наполи на Елмас загуби на домашен терен од Калјари со 0:1, Џенова на Пандев одигра 0:0 пред своите гледачи со Болоња
Горан Пандев го одигра последните десетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување, во ремито на џеновјаните во Вечниот град. Удинезе претходно го порази бледиот Милан со 1:0 во меч во кој дебитира Илија Несторовски
Римјаните во дербито на 36. коло во Серија А го совладаа Јувентус со 2:0 (полувреме 0:0) и останаа на шестото место со 62 бода колку и петтопласираниот Милан. Пред нив е Интер со бод повеќе, но и меч помалку (утревечер од 21 ч. ќе игра со Киево), а трета е Аталанта со 65
Јувентус го доживеа само вториот пораз во сезоната и ќе мора да почека на наредна прилика за потврда на новото…
Капитенот на македонската репрезентација мина еден час на клупата пред Чезаре Прандели да реши да го испрати на терен со надеж дека токму тој може да направи разлика. И ја направи. Во 72. минута му асистира на Стефано Стураро за 1:0, а во 81. минута со мајсторски удар и самиот се запиша во листата на стрелци за конечни 2:0 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова
„Волчицата“ го совлада Емполи со 2:1 во последниот меч од 27 коло во Серија А. Во 80. минута беше исклучен Флоренци, во 88. минута, по прегледување на снимката, беше поништен израмнувачки гол на гостите поради игра со рака
Лацијалите поведоа со прекрасен гол од работ на казнениот простор на италијанскиот репрезентативен напаѓач во 23. минута, „виолетовите“ израмни преку Колумбиецот во 61. минута по што дојде до пад на темпото во последните пола час од фудбалската претстава на „Артемио Франки“ во Фиренца
На вечната листа на играчи со 400 и повеќе настапи во Серија А, тој е на 46. место, од странците кои играат на Апенинскиот полуострово пред него е само Самир Хандановиќ
Калјари славеше над „нероаѕурите“ на Сицилија со 2:1 во првиот меч од 26. рунда во Серија А и направи значајно оддалечување од опасната зона на табелата, а Интер остана трет со 47 бода, два повеќе од Милан и три од Рома
„Росонерите“ во премиерата на 25. коло го совладаа Емполи, најслабиот гостин во калчолигата во оваа сезона, со 3:0 и се доближија на само бод од градскиот ривал Интер кој утревечер (недела) во 20.30 часот ќе ` гостува на Фиорентина. Полскиот репрезентативец со гол во 49. минута ги најави трите бода на „Сан Сиро“
Александар Коларов во 55. минута од пенал и Фацио во 73. минута беа стрелци во 11. сезонски триумф на „волчицата“, Шансоне во 84. минута погоди за гостите кои до крајот не успеаја и до втор гол за израмнување