Рома ја победи Болоња со 2:1 во последниот натпревар од 24 коло во Серија А. Александар Коларов во 55. минута од пенал и Фацио во 73. минута беа стрелци во 11. сезонски триумф на „волчицата“, Шансоне во 84. минута погоди за гостите кои до крајот не успеаја и до втор гол за израмнување.

Римјаните се петти на табелата со 41 бод, еден помалку од Милан и пет од Интер. Лидер е Јувентус со 66 бода пред тимот на Наполи кој има 53.

Серија А, 24 коло

Рома – Болоња 2:1

Интер – Сампдорија 2:1

СПАЛ – Фиорентина 1:4

Џенова – Лацио 2:1

Удинезе – Киево 1:0

Емполи – Сасуоло 3:0

Наполи – Торино 0:0

Аталанта – Милан 1:3

Калјари – Парма 2:1

Јувентус – Фрозиноне 3:0

Табела: Јувентус 66, Наполи 53, Интер 46, Милан 42, Рома 41, Аталанта 38, Лацио 38, Фиорентина 35, Торино 35, Сампдорија 33, Сасуоло 30, Парма 29, Џенова 28, Кајлари 24, Удинезе 22, СПАЛ 22, Емполи 21, Болоња 18, Фрозиноне 16, Киево 9.