Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Интер со максимален ефект под водство на Конте

0
By Нова ТВ on September 25, 2019 СПОРТ
Фото: virgilio.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 25, 2019 23:49

Интер е единствен клуб со максимален ефект и по петтото коло во сезоната во Серија А. „Нероазурите“, под водство на Антонио Конте, го совладаа и Лацио со 1:0 во дербито на вечерта и останаа на лидерската позиција на табелата со два бода повеќе од Јувентус кој, исто така, е без пораз, но не успеа и до триумф кај Фиорентина на 14 септември (0:0).

Погодок на Данило Д’Амброзио во 23. минута се покажа како доволен за задржување на трите бода на „Џузепе Меаца“. Интер во наредното коло го очекува гостување во Џенова кај последнопласираната Сампдорија која досега има победа и четири порази.

Наполи го загуби и вториот меч во тековниот шампионат. Калјари славеше на „Сан Паоло“ со 1:о со голот на Лукас Кастро во 87. минута за трета победа во низа за екипата од Сардинија. Македонскиот репрезентативец меѓу наполитанците, Елиф Елмас не доби шанса од Карло Анчелоти во вториот првенствен меч на домашен терен.

Без минутажа остана и Горан Пандев чија Џенова одигра без голови против Болоња на својот стадион „Луиџи Ферарис“.

Серија А, 5 коло

Интер – Лацио 1:0

Наполи – Калјари 0:1

Џенова – Болоња 0:0

Парма – Сасуоло 1:0

Фиорентина – Сампдорија 2:1

СПАЛ – Лече 1:3

Рома – Аталанта 0:2

Бреша – Јувентус 1:2

Верона – Удинезе 0:0

Торино – Милан (четврток, 21 ч.)

Табела: Интер 15, Јувентус 13, Аталанта 10, Наполи 9, Калјари 9, Рома 8, Болоња 8, Лацио 7, Торино 6 (-1), Милан 6 (-1), Сасуоло 6, Бреша 6, Парма 6, Лече 6, Фиорентина 5, Верона 5, Џенова 5, Удинезе 4, СПАЛ 3, Сампдорија 3.

Интер Италија Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.