Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Серија А
Во центар на вниманние во дербито беа голманите Џанлуиџи Донарума и Давид Оспина кои не дозволија да бидат совладани. Криштоф Пјонтек дебитира за „росонерите“ во последните дваесетина минути од средбата
Ѕвездата на Јувентус ги потпиша двата во триумфот над Сампдорија со 2:1 во последното есенско коло и стигна до бројката од 14 гола во калчолигата, односно, 15 во сите натпреварувања во кои се активни „бјанконерите“
Кој го гледаше финалето во Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс не погреши. Во сенка на аргентинската мега…
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија ќе тренира под водство на човекот што ја предводеше Италија до финале на ЕП 2012 во Полска и во Украина
Џенова го совлада Киево со 2:0, капитенот на македонската репрезентација погоди во 54. минута. Со идентичен резултат, „старата дама“ славеше над Болоња, наполитанците со 3:0 триумфираа над Парма, „волчицата“ подобра од Фросиноне со 4:0
Сасуоло ја доби голеадата против Џенова на домашен терен со 5:3 и остана веднаш зад Јувентус на врвот на табелата во италијанското првенство. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше во почетниот тим кај гостите, одигра цел натпревар и во листата на стрелци се впиша во 70. минута за намалување на 5:2 во тие моменти
Екипата од „Џузепе Меаца“ им подари разочарување на симпатизерите кои, пак, очекуваа три бода на стартот на сезоната со оглед на многуте засилувања во летниот преоден рок. Но, наместо три бода добија бледа игра од своите миленици. Парма испушти два гола предност против Удинезе (2:2), Рома со минимален триумф против Торино
„Росонерите“ се обврзаа на Јувентус да му исплатат 18 милиони евра, но презедоа и обврска да го откупат неговиот договор по завршување на сезоната 2018/19 за двојно поголема сума. Аргентинецот на „Сан Сиро“ ќе има годишна плата од седум и пол милиони евра колку што заработуваше и во Торино
Новата трка за „Скудето“ започнува на 18 август и ќе трае до 26 мај догодина. Првата полусезона ќе финишира на 29 декември, втората ќе почне на 20 јануари. Улогата на бранител на титулата ја има „старата дама“, овојпат драстично засилена со ангажманот на Кристијано Роналдо
„Росонерите“ ја декласираа Фиорентина со 5:1 во натпревар од последното коло за оваа сезона и го потврдија шестото место на табелата што гарантира директно учество во групната фаза во Лига Европа за сезоната 2018/19.
Македонскиот капитен влезе во игра на почетокот на второто полувреме и на терен остана до 71. во која беше исклучен по груб старт врз противнички фудбалер. Наполитанците одиграа 2:2 против Торино и на две кола до крајот на сезоната имаат минус шест бода од лидерот Јувентус
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија го лобуваше противничкиот голман од 17-18 метри за потврда на победата на Џенова со 3:1 во последниот меч од 34. коло во Серија А, играчот за врска на Леванте со два слободни удара ги замолкна трибините на „Сан Мамеш“ за триумф на тимот од предградието на Валенсија што многу веројатно значи и опстанок во Примера