Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ремек дело на Пандев со Верона, Барди кобен за Атлетик (Видео)

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 СПОРТ
Фото: calciomercatot8.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 24, 2018 02:01

Ефикасен понеделник за македонските фудбалски интернационалци. Горан Пандев и Енис Барди беа стрелци за Џенова и за Леванте во, резултатски, идентичните победи (3:1) во завршните мечеви во викенд рундите во Серија А, односно, Примера.

Капитенот на Македонија почна од клупата на „Луиџи Ферарис“ стадионот на кој гостуваше Верона на затворање на 34. коло во калчолигата. Влезе во игра во 81 минута и десетина минути подоцна успеа да се впише во листата на стрелци и тоа со ремек дело реализација. Пандев, по асистенција на Данко Лазовиќ, го лобуваше Николас на начин на кој може да позавидат и најголемите ѕвезди во најважната споредна работа во светот за конечни 3:1 и значајни три бода на џеновјаните во борбата за опстанок.

https://www.youtube.com/watch?v=Y6Cj76g5MXU

Енис Барди, пак, беше централна фигура во гостинскиот триумф на Леванте против Атлетик Билбао со 3:1. Македонскиот репрезентативец постигна два гола на „Сан Мамеш“ во меч во кој тимот од предградието на Валенсија направи голем исчекор за зачувување на статусот во Примера и за наредната натпреварувачка сезона. Првиот го прослави во 42 минута, а 120 секунди подоцна и вториот со што го трасираше патот до осма победа на неговата екипа во тековното издание на шпанскиот фудбалски шампионат. Барди се најде во почетнкиот состав на Пако Лопез и одигра 71 минута во Баскија.

https://www.youtube.com/watch?v=lxeFc3TeMl4

Горан Пандев Енис Барди Примера Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.