Browsing: Шапекоенсе

Прва опција е „Маракана“ во Рио де Жанеиро, втора е „Конда арена“ во Шапеко. Мечот е договорен кон средината на јануари, целиот приход ќе оди за семејствата на жртвите во авионската несреќа во близина на Меделин

Бразилскиот клуб требаше да игра во финалето против Атлетико Насионал, но авионот со кој патуваше се урна во близина на Меделин и во несреќата загинаа 19 фудбалери. Противникот веднаш најави дека се повлекува од настап и поведе иницијатива за административно доделување на пехарот за екипата од Шапеко

Транспортните авиони од типот „Херкулес“ беа дочекани со огномет додека го надлетуваа градот на југот на Бразил и пристапуваа кон дождовната писта на аеродромот во Шапеко

Леталото со фудбалери и новинари било единствено исправно од трите со кои оперирала авиокомпанијата „Ламија“. Дозвола за летање во Боливија добила во јануари оваа година и била во сопственост на пилотот на кобниот лет и на поранешен капетан на оружените сили во земјата

Дел од најпознатите светски зданија, споменици и стадиони се осветлени во зелено и бело како израз на почит кон трагично загинатите ччленови на бразилскиот клуб во авионската несреќа во Колумбија

Јужноамериканската федерација (КОНМЕБОЛ) најави учество на клубот во Копа Либертародес и во Суперкупот наредната сезона, сите екипи од бразилската Серија А ќе испратат по тројца играчи на безплатна позајмица

Несреќата ја преживеаја неколку патници во чартерот од Сао Паоло. Меѓу нив, како што јавуваат локалните медиуми, и Алан Рушел кој засега се води како единствен преживеан од екипата на Шапекоенсе