Browsing: Шпанија

Според прелиминарните резултати врз основа на 99 проценти од преброените гласови, шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез, освои 123 мандати од вкупно 350 места во Парламентот. Партијата на центарот „Граѓани“ доби 57 мандати, конзервативната Народна партија (ПП) освои 66 места, а левичарската Подемос доби 42 места.Според освоените гласови ниту една партија не може сама да формира влада, па следи период на долги преговори за идната коалиција

Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година понесе бронза од шпанска Гвадалахара во категоријата до 60 килограми по триумфот над Романецот Флорин Гоголоси со 3:2 во борбата за трето место

„Кралевите“ триумфираа со 2:0 со погодоците на Иско и на Герет Бејл во второто полувреме, со идентичен резултат и тимот од „Сан Мамеш“ освои три бода против замаената, по елиминацијата во ЛШ, чета на фудбалери на Диего Симеоне

Тоа е причина за преместување на квалификацискиот турнир за ЕП за играчи до 17 години. Со сличен проблем се соочија и каратистите од Косово на Светското првенство во Мадрид во 2018 година, па мора да настапат без обележја

„Специјалниот“ беше обвинет дека во периодот 2011-2012 како менаџер на Реал Мадрид не пријавил приход од маркетиншки ангажман од 3,3 милиони евра за што е казнет со два милиона евра што прифати да ја плати, но, според шпанските закони, нема да заврши зад решетки бидејќи санкцијата изречена за период помал од две години

„Кралевите“ и во реванш четвртфиналниот дуел ја поразија Џирона со 3:1 (првиот меч го добија со 4:2) и се придружија на Барселона, на Валенсија и на Бетис во борбата за титула. Францускиот напаѓач со двата гола изби на чело на вечната листа на стрелци на тимот од „Бернабеу“