Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Шпанија: Победа на социјалистите, десничарската „Вокс“ со 24 мандати

0
By Нова ТВ on April 29, 2019 СВЕТ
Фото: cnbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 29, 2019 16:06

Шпанскиот Парламент со претставници на екстремни десничари по речиси четири децении. Партијата „Вокс“ на вчерашните предвремени парламентарни избори освои 24 пратенички места колку што предвидуваа и анкетите.

Фото: dw.com

„Вокс“ на политичката сцена во Шпанија се појави во декември во минатата година кога лидерот на партијата Сантијаго Абаскал прифати да влезе во коалиција по регионалните избори во Андалузија. Нејзините членови не се декларираат како ултрадесничари туку само како десничари кои се против независноста на Каталонија и на мигрантите.

„Вокс се појавува на политичката сцена, нуди нешто ново и ги исполнува желбите за политичка промена. Изборите стануваат се поемотивни, се игра на чувствата“, изјави Хосе Игнасио Торебланка од Европскиот совет за меѓународни односи во Мадрид.

Тој додаде дека слични трендови има во Италија, во Франција и во Велика Британија, како и дека специфичностите на секоја од земјите одредуваат дали ќе се појават нови радикални политички проекти од левицата, десницата или независно од традиционалните поделби.

Во случајот на Шпанија таквите специфични околности првенствено се однесуваат на барањето за независност на Каталонија, што доведе до собирање околу десничарските идеи за национализмот, но и на тврдите ставови за илегалната миграција.

Фото: cnbc.com

„Вокс“, според Торебланка, е „социјално конзервативна партија, но многу либерална во економска смисла за разлика, на пример, од францускиот Национален фронт. И аналитичарот Петер Церети од Економист наведува дека „Вокс“ има изразито демократски карактер за разлика од унгарската „Фидес“ и полската партија „Закон и правда“.

„Тие не се екстремно десни во смисла дека им е блиска фашистичката идеологија, како кај радикалните популистички десни партии на Истокот. Станува збор за националистичка партија која негува културен конзервативизам“, истакна Церети.

Според прелиминарните резултати врз основа на 99 проценти од преброените гласови, Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез, победи на изборите. ПСОЕ освои 123 мандати од вкупно 350 места во шпанскиот Парламент. Партијата на центарот „Граѓани“ доби 57 мандати, конзервативната Народна партија (ПП) освои 66 места, а левичарската Подемос доби 42 места.

Според освоените гласови ниту една партија не може сама да формира влада, па следи период на долги преговори за идната коалиција.

„Вокс“ избори Педро Санчез Социјалисти Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.