Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Шпанија: Ултрадесничари на праг на Парламентот по 40 години

0
By Нова ТВ on April 28, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 28, 2019 11:35

Речиси 37 милиони државјани на Шпанија со право на глас денеска излегуваат на предвремени парламентарни избори. Граѓаните ќе гласаат за 350 членови на Парламентот и за 208 членови на Сенатот, тело што ги претставува покраините во кое од 2011 година доминира конзервативната Народна партија (ПП). Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а резултатите се очекуваат неколку часа подоцна.

Денешните парламентарни избори во Шпанија важат за најнеизвесни во последните неколку децении. Дури една третина од потенцијалните гласачи се изјасниле дека сè уште не одлучиле за кого ќе го дадат гласот. Во зависност од резултатите, експертите предвидуваат формирање на коалициска влада што ќе биде прва по враќање на демократскиот систем во земјата кон крајот на 70-тите години од минатиот век. Но, очекувања се однесуваат и на прв влез на ултрадесничарски пратеници во Парламентот по 1982 година.

Според анкетите ниту една партија нема да освои доволно пратеници за сама да формира влада, а во трка се традиционалните партии на левиот и десниот центар – Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и Народна партија (ПП), левичарската „Подемос“, партијата на центарот „Граѓани“ и десничарската „Вокс“.

Анкета објавена во „Ел Паис“ покажува најголема поддршка за социјалистите на премиерот Педро Санчез, кои би можеле да добијат нешто помалку од 30 проценти од гласовите, со што ПСОЕ би можела да ја предводи коалициската влада.

Посебно непредвидлив е резултатот на десничарската „Вокс“ која на почетокот од годината оствари неочекуван историски висок резултат на регионалните избори во јужната покраина Андалузија. „Вокс“ е против независноста на Каталонија и мигрантите, но себе си се смета за десница, а не крајна десница. Ако нејзини членови бидат избрани, тие ќе бидат први десничари во Парламентот по речиси четири децении.

Резултатите од денешните парламентарни избори ќе влијаат и врз локалните и регионални избори што се закажани на 26 мај, кога се одржуваат и изборите за Европскиот Парламент.

Можни постизборни сценарија се формирање на коалиција на десните партии или пак распишување на нови избори, ако партиите не се договорат.

Второ сценарио е Санчез да остане премиер ако формира коалиција со „Подемос“. Но, анкетите покажуваат дека ќе им е потребна поддршка и од регионалните партии, пред се од оние од Каталонија, кои се приврзаници на независноста.

Трето сценарио би била коалиција помеѓу ПСОЕ и Граѓаните, но лидерот на партијата од центарот Алберт Ривера однапред ја отфрли можноста за коалиција со Санчез.

Речиси 40 години во Шпанија функционираше двопартискиот систем, кој почна да се урива во 2015 годна. Левиот и десниот центар, ПСОЕ и ПП константно се менуваа на власт, но најверојатно повеќе нема да можат самостојно да формираат влада.

избори парламент Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.