Browsing: Собрание

„За“ предложениот владин кабинет гласаа 62 пратеника, а „против“ беа 51. Старо-новиот премиер Зоран Заев, меѓу другото, најави насочување на целосниот фокус кон економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство

За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ плус ДУИ и ДПА има мнозинство од 62 пратеника во Собранието. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека ќе учествува во дебатата за избор на нова Влада и како што изјави партискиот портпарол Димче Арсовски ќе гласа „против“