Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амин од пратениците: Кризната состојба останува во сила до крај на годината

0
By Sashko on June 8, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 8, 2021 15:23

Собранието изгласа Одлука за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на државата за шест месеци, заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од ковид-19. Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни во 2021 година, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.

Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба, зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

Пратеникот Бојан Стојановски во излагањето пред да се гласа побара Владата да им достави аналзи и извешаи за проценка на ризикот од пандемијата и за потребата од дополнително прогласување кризна состојба.

– Таков документ немаме. Оваа кризна состојба може да се злоупотреби за локалните избори. Дали со ова на власта и се дава таква можност, праша Стојановски.

Не беа изгласани предлозите на ВМРО-ДПМНЕ два предлог-закона, за образование и за здравство, да имаат приоритет и да се преместат во првите точки на дневниот ред  односно Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование во прво читање да биде 12 наместо 41 точка, а Информацијата во врска со актуелните состојби во здравството со осврт и на кризата предизвикана од коронавирусот наместо 52-ра да биде втора точка, веднаш по одлуката за продолжување на кризната состојба.

Поради неисполнети формални услови, не беше прифатен предлогот на пратеникот Димитар Апасиев од Левица – дневниот ред да се дополни со предлог за измени на Законот за пратеници  во одредбите што го уредуваат правото на патни трошоци.

Пред изгласувањето на дневниот ред на 43-тата седница, на кој има 55 точки, пратеникот Апасиев реагираше и на тоа што од собраниска процедура на барање на Владата е повлечен материјалот за Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти бидејќи, рече, Владата е овластен предлагач на законот и може да го повлече како предлог, а не како закон за кој веќе се гласало во Собранието и треба повторно да се разгледува од пратениците откако не беше одобрен од претседателот на државата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека Владата поднела барање да се повлече предлогот и дека процедурите согласно со Уставот ќе се уредат со измени на Деловникот во рамки на процесот „Жан Моне“.

Собранието прифати по скратена постапка да се донесат предлог-измени на Изборниот закон, поднесен од пратениците Маја Морачанин, Павле Трајанов и Моника Зајова, за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, измени на Закон за рамноправен регионален развој, поднесени од група пратеници… Не беа прифатени предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесат измени на Законота служба во Армијата на РСМ и изменување и дополнување на Законот за тутун.

Пленарната 43-та седница почна во стариот амбиент – салата „Македонија“ каде што има услови за електронско гласање. Пратениците се вратија таму по неколку месеци работа во Големата сала (купола). Комисијата за заразни болести одобри протокол по кој ќе се одржуваат пленарните седници. Продолжението на 43-тата седница е по редовната пауза.

Ковид-19 Кризна состојба Македонија седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.