Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците од 8 јуни се враќаат во собраниската сала „Македонија“

0
By Sashko on June 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 5, 2021 11:54

Пратениците од следната недела, поточно од 8 јуни, се враќаат на пленарни седници во собраниската сала „Македонија“. Како што соопшти денеска прес-службата на законодавниот дом, ова е одлучено по извршениот увид од претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство (МЗ), Жарко Караџовски и претставници од Институтот за јавно здравје и на МЗ. Пленарните седници во салата „Македонија“ ќе се одржуваат согласно одобрениот Протокол.

Акредитираните новинари ќе бидат сместени во сала 3 – Прес центар и сала 4 на првиот кат на Собранието, со можност за движење преку една врата во холот меѓу салите.

На акредитираните претставници на медиумите во Собранието на Република Северна Македонија ќе им биде дозволен влез во галеријата на сала „Македонија“ во ограничен број, односно вкупно 17 претставници на медиумите ќе може да ја следат седницата од галеријата и истите ќе може да седат на означените седишта во галеријата, почитувајќи соодветно растојание.

Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за претставници на медиумите кои што ќе приложат доказ за извршена целосна имунизација, односно вакцинација против ковид-19. Легитимирањето на новинарите ќе се врши соодветно како за пратениците и ВИП гостите.

Во однос на прес-конференциите и изјавите за медиуми, истите ќе се одржуваат во „Кристална сала“ која што е опремена со 50 седишта за новинарите на соодветно растојание и подвижен микрофон, додека за камерманите ќе има означени места за поставување на камерите и помеѓу сите групи ќе има соодветно означено раздвојување.

При одржување на седници на работни тела во Собранието, на снимателите ќе им биде дозволен пристап за снимање на кадри на почеток на седницата на работното тело, додека пак седниците на работните тела кои што ќе се одржуваат во салата „Борис Трајковски“, претставниците на медиумите ќе може да ја следат целокупната работа на работното тело од галеријата, односно камерманите ќе може да снимаат од местото означено за сниматели.

Согласно протоколот, за време на целокупното престојување и движење во Собранието, задолжително е носење на заштитна опрема која ги покрива устата и носот, на влезовите во Собранието останува обврската за примена на средство за дезинфекција и мерење на телесна температура.

Бифето меѓу салите 3 и 4 ќе биде достапно за новинарите по принципот „за носење“. Ресторанот на Собранието лоциран во сутеренот, ќе биде отворен само за пратеници согласно Протоколот, додека Клубот за пратеници останува затворен, се нагласува во соопштението на прес-службата на Собранието.

Ковид-19 Македонија пратеници Протокол сала „Македонија“ седници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.