Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Собрание
На повидок е петтото самораспуштање на Собранието кое треба да се случи во февруари, ако останува датумот за предвремени избори на 12 април 2019 година. Датумот е утврден договорно од страна на лидерите на главните политички партии од македонскиот и албанскиот блок, со посредство на претседателот на Републиката, Стево Пендаровски. Причината е од тривијален карактер – недобивање датум за преговори со ЕУ
Во Законодавно-правната комисија мнозинство немаат ниту владејачките партии, ниту опозицијата, но тоа не значи дека автентичното толкување на СДСМ нема да добие поддршка. Освен од СДСМ, пратениците од најголемите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се уште директно не кажале во јавноста како ќе гласаат. „Интергративците“ официјално не се изјаснуваат со свој став, но дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори објавија дека тие пред да изградат свое мислење ќе консултираат правни експерти. Помалите парламентарни партии како ЛДП, Алијанса за Албанците и Движењето Беса посочуваат дека не поддржуваат амнестија.
Зеќир Рамчиловиќ е предложен за нов потпретседател на Собранието од страна на пратеници од ДУИ и од СДСМ. На предлогот…
Пратениците ги разрешија министрите за финансии Драган Тевдовски, Хазби Лика и Сујхел Фазлиу.За разрешувања на министрите гласаа 64 пратеници. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ не гласаа.
Првата годишнина од случувањата во Собранието беше во исчекување на судска разврска против повеќе од 33 лица, една амнестија и десетина собраниски насилници во затвор. На втората годишнина има дел осудени учесници во настаните, а јавноста сè уште чека на откривање на организаторите. Изречена е вкупна затворска казна од 211 години за 16 обвинети
Граѓанска организација на родители достави иницијатива до Собранието за измени на Законот за заштита на населението од заразни болести со…
Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на денешното Собрание…
Гласањето во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања беше израмнето, односно, четири гласа беа „за“ и четири „против“ што значи дека одлуката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието откако извештајот ќе биде испратен до претседателот на Парламентот. За денеска, на веб страницата на Собранието, не е закажана пленарна седница, но се очекува таа да се закаже најдоцна три дена по добивањето на извештајот
Гласањето во комисијата за мандатно-имунитетни прашања вечерва заврши со нерешени 4:4 и во него не учествуваше Агим Шаќири од владејчкото мнозинство поради здравствени причини. Ваквиот исход не значи ниту одбивање на барањето за притвор за поранешниот спикер во Парламентот ниту негово прифаќање, истакна претседателот на собраниската комисија, Павле Богоевски и дополни дека случајот ќе биде проследен до пратениците на пленарна седница
Во собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања повторно е дадена пауза, а новото продолжение на расправата за одземање на…
Наредбата за отворање на вратите во Собранието на 27 април се знае чија била, „на тој што нарачуваше полици за…
Тој, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот