Browsing: Срце

Тој денеска беше на контролен преглед на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по зафатот што го имаше на 23 мај, и истакна дека одлично се чувствува

Во раните утрински часови во петокот, околу 02 часот по полноќ започна да чука првото трансплантирано срце во градите на 54 годишниот Огненовски. Зафатот беше извршен на Државната кардиохирургија со учество на заеднички тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника „Жан Митрев“) и Александар Николиќ (Клиника „Систина“) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ)