Browsing: Суперкуп

„Кралскиот“ клуб вчеравечер прослави петта победа во меч за титула под водство на францускиот менаџер и ја продолжи рекордната низа на натпревари со една и повеќе реализации во сите натпреварувања

Двете македонски ора во изведба на членови на културно-уметнички друштва завршија во 228 држави и региони на земјината топка до колку што допираше ТВ сигнал од „Телеком арена“ во Скопје. По нив, свои „пет минути“ добија и 19 дечиња со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ кои на знаковен јазик ја изведоа нумерата „Sky full of stars“ (Небо полно со ѕвезди) од Колдплеј

„Кралскиот“ клуб подобар од Манчестер јунајтед на „Телеком арена“ со 2:1 за одбрана на тронтот што го запоседна лани по триумфот над Севилја во Трондхајм. Касемиро и Иско стрелци за тимот на Зинедин Зодан, Лукаку за „црвените ѓаволи“ кои остануваат на единствениот освоен пехар засега во 1991 година против белградска Црвена звезда. Иско прогласен за играч на натпреварот во Скопје

Дуелот меѓу шпанскиот и англискиот великан на „Телеком арена“ во Скопје е со почеток во 20,45 часот. „Кралевите“ во обид да ја одбранат ланската титула што ја освоија во Трондхајм против Севилја за вкупно четврта во Суперкуп натпреварите, „црвените ѓаволи“, пак, ќе атакуваат на втора по единствената засега против Црвена звезда од 1991 година. Правдата доверена на италијанскиот судија Џанлука Роки.

Идејата за натпревар од ваков тип како вечерашниот на „Телеком арена“ датира од 1971 година зад која стои новинарот и уредник во холандскиот весник „Де Телеграф“ и се појави во време во кое холандскиот тотален фудбал на клупски план (особено Ајакс) и на репрезентативен под водство на легендарниот Јохан Кројф земаше замав во Европа. Победникот покрај трофеј тежок 12,2 килограма и висок 58 сантиметри ќе добие и парична награда од 3,2 милиони евра, за поразената екипа се предвидени 2,2 милиона евра

Улица „Македонија“, вообичаено главна артерија во централното градско подрачје за променада, и истоимениот централен плоштад се преплавени со луѓе почнувајќи од хотелот „Бристол“, па таму некаде до „Даут Пашин Амам“. Ги има од сите возрасни категории, но, се чини, во атмосферата што е налик на карневалска најмногу уживаат и најсилно бијат детските срца

Веста дека на списокот патници за Македонија се наоѓа и Португалецот наиде на задоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб. Во експедицијата на гигантот од Мадрид и синот на Зинедин Зидан, Лука кој ќе биде трет голман на „Телеком арена“