Скијање: Мелг победи по пауза од осум години

Италијанецот славеше во слаломската трка на Слјеме крај Загреб пред Германецот Нојројтер и Кристоферсен од Норвешка. Хиршер заврши шести, но остана лидер во Светскиот куп. Викендот во Аделбоден на програмата е велеслалом

Скијање: Франц побрз од Свиндал во спустот во Вал Гардена

Австриецот беше за четири стотинки побрз од фаворизираниот Норвежанец и на крајот на прослави првата победа во кариерата во Светскиот куп. Карванот се сели во Алта Бадија каде по програма утре се вози велеслалом

Сензација во Лејк Луис: Првиот спуст во сезоната за Словенката Штухец

Времето со кое 26 годишната девојка од Марибор го дофати првиот подиум во кариерата беше 1:45,48 минути. Нејзин најдобар резултат досега беше четвртото место во супервелеслалом во Бивер Крик во 2013 година