Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Талат Џафери
Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, пак, оцени дека дополнителните две недели вонредна состојба кои почнуваат денеска, се доволни за постигнување консензус и апелира лидерите на партиите да седнат и да се договорат. Тоа, според Џафери, е нивна обврска и одговорност
СДСМ е „за“ свикување на Собранието за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во земјата од претседателот Стево Пендаровски, но и како контролен механизам врз работата на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ е „против“, претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, смета дека „парламентот може да заседава само по избори и секој друг начин ќе биде обид за пуч“
Претседателот на Парламентот тврди дека се вршел притисок врз него за повторно свикување на пратениците, но, како што нагласи во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, „со Собранието е веќе завршено“
Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесoa барање за свикување на итна седница за потврда на одлуките на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19
Претседателот на Собранието, пак, Талат Џафери во неколку наврати посочи дека не може да свика седница на Парламент што се самораспуштиил. Тој, како што велат од неговиот Кабинет, за иницијативата ќе се изјасни откако ќе пратениците ќе ја достават до него
Секој на мое место би се запрашал „каква е намерата“, ако изјавата за ново мнозинство не доаѓа од кого било, туку од Генералниот секретар на СДСМ, вели претседателот на парламентот
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од парламентарниот спикер, Талат Џафери да закаже пленарна седница со единствена точка на дневен ред…
Во однос на Законот за јавно обвинителство, собранискиот спикер кажа дека овој закон и законот за Совет на јавни обвинители се ставени на дневен ред на седница закажана за попладнево во 17 часот
Уставот е јасен, вели претседателот на Собранието, укажувајќи дека законските рокови за сите изборни дејства не може да се кратат. Битката за закон за јавното Обвинителство нема да може да се води преку скратување на законските рокови предвидени за изборниот процес
Владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа договор за усвојување на сите законски предлози од 123. собраниска седница кои се поврзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието. Запрашан за начинот кој доведе до „примирје“ во Парламентот тој одговори – „прашајте ги Заев и Мицкоски“
За тоа, според претседателот на Собранието, е потребно двотретинско мнозинство што го сочинуваат немнозинските пратеници, најмногу пратеници Албанци и како што нагласи кај нив нема расположение за измени и дополнувања на Законот за јазици
Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Секој кој што има дилема дека во…