Browsing: тенис

Во изминатите три години тој настапуваше во опрема на јапонски „Уникло“, а во производи на францускиот бренд за првпат ќе се појави на претстојниот Ролан Гарос во Париз каде ќе ја брани титулата

Украинката во финалето во италијанскиот главен град ја совлада Симона Халеп со 4:6, 7:5, 6:1 како најава за добрата форма на земјена подлога пред Ролан Гарос. Во машкото финале попладнево ќе играат Ѓоковиќ и Александар Зверев

Србинот загуби само еден гем во полуфиналето со Доминик Тим (6:1, 6:0) за петти меч за титула во Вечниот град. Неколку часа претходно го доврши и Хуан Мартин дел Потро во прекинатото четврт-финале како најава дека неговата форма оди во нагорна линија пред вториот гренслем во сезоната – Ролан Гарос што почнува на 28 мај

Украинката ќе игра четврто ВТА финале во 2017 година во кое ќе атакува и на четврта титула, откако Мугуруза го предаде полуфиналето по само 22 минути игра. Романката, пак, ја елиминира Кики Бертенс со 7:5, 6:1

Австриецот до вториот триумф (6:4, 6:3) во шестото соочување со Шпанецот стигна за час и 51 минута и во полуфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Дел Потро. Првата двојка што ќе игра за меч за титула во Вечниот град ја формираа Американецот Џон Изнер и Германецот Александар Зверев

Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци

Швајцарецот ја образложи неочекуваната одлука за јавноста со желбата за што подобра подготовка за турнирите на трева и на тврда подлога што ќе следуваат во продолжение на сезоната по гренслемот во Париз

Српскиот тениски ас досега соработувал со осум имиња – Јелена Генчиќ (1993-1999 година), Никола Пилиќ (1999-2003), Дејан Петровиќ (2004-2005), Рикардо Пјати (2005-2006), Маријан Вајда (2006-2017), Марк Вудфорд, Тод Мартин (2009-2010) и Борис Бекер (2013-2016). Деветтиот предводник го најави по завршување на Ролан Гарос