Browsing: тенис

Истрага што е актуелна и трае веќе година и пол опфаќа дури 135 тенисери кои се најдоа на листата на сомнителни дека лажирале исходи на мечевите. Меѓу нив и претставници на Франција, на САД, на Белгија, на Шпанија. Според германските медиуми „ЗДФ“ и „Ди Велт“, се чини дека истрагата води кон еден нивни репрезент со иницијали М.Х. а во скандалот со наместени натпревари се споменува и член на топ 30 на АТП листата кој има три турнирски победи во кариерата

Најдобрата македонска тенисерка ја оправда фаворитската улога на ИТФ турнирот во Анталија што се играше за награден фонд од 15.000 долари. Таа во финалето беше подобра од финската колешка Уна Орпана со 6:4, 6:7, 6:1

Грчкиот тенисер во финалето го совлада Австриецот Доминик Тим со 6:7, 6:2, 7:6 и со само еден пораз (од Рафаел Надал) го освои највредниот трофеј во кариерата што му донесе 1.300 АТП поени и чек во вредност од 2,650.000 милиони долари

Младиот грчки тенисер во полуфиналето го елиминира швајцарскиот ветеран со 6:3, 6:4 и за титулата, во недела во „О2 арена“, ќе игра со подобриот од Доминик Тим и Александар Зверев чиј дуел е закажан за вечерва од 21 часот

Чехот се повлекува од професионалниот тенис со заработувачка од преку 30 милиони долари, 13 турнирски победи во поединечна конкуренција, две во двојки и со две титули во Дејвис купот во 2012 година и во 2013 година. Официјалната објава ја најави за сабота на завршниот Мастерс во Лондон

Дел од германските медиуми објавија дека вкупниот долг на поранешниот германски тенисер изнесуваат 61 милиони евра, но и дека загуби 100 милиони евра во инвестиции во нафтен бизнис во Нигерија

рбинот, кој моментно е водечки, нема да настапи на турнирите во Виена и во Базел, а во пресрет на завршниот Мастерс во сезоната, играчите ќе останат и без освоените бодови во лондонска „О2 арена“ во 2018 година