Полувреме загревање, полувреме „мелење“: Вардарки го решија Тирингер

„Црвено-црните“ ракометарки славеа над германскиот вицепрвак со 29:21 (полувреме 12:12) во последното коло од прелиминарната фаза во Лигата на шампиони и на зимски клупски распуст заминуваат со максимален ефект во групата Ц од која ќе пренесат осум бода во главниот сегмент

Ракомет: Вардарки со Тирингер за нова потврда на доминацијата во ЛШ

Мечот меѓу македонскиот и германскиот претставник е вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот. Со победа „црвено-црните“ девојки ќе се преселат во главната групна фаза во Лигата на шампиони на ЕХФ со максимален ефект и со осум бода на контото

Ракомет, ЛШ: ЖРК Вардар го оддува Тирингер

Ракометен дијалог на теренот во „Ведигсбургхале“ во Ерфурт се водеше само во воведниот дел на средбата. Се останато беше ракометен монолог во продукција на „црвено-црните“ девојки кои не дозволија сензација налик на онаа од 2014 година и славеа со 29:21. Наредниот викенд вардарки му гостуваат на норвешки Ларвик

Ракомет, ЛШ: ЖРК Вардар како првопласиран во четврт-финале

„Црвено-црните“ девојки ја оправдаа фаворитската улога против Тирингер во Скопје. Славеа со 36:26 и се вратија на лидерската позиција на табелата благодарение и победата на Будуќност против Ференцварош во Будимпешта со 24:23