Прв пехар под водство на Давид Писонеро: Вардар го освои турнирот во Требиње

Вардарци во финалето беа подобри од Металопластика со 32:28 (полувреме 17:14), откако на пат до него, во еден ден, ги премавнаа Борац Бања Лука со 34:30 (полувреме 18:12) и домаќинот на турнирот, Леотар со убедливи 38:18 (полувреме 17:8). Наградата МВП на турнирот ја понесе Тимур Дибиров кој заврши и како прв стрелец со вкупно 16 погодоци

Македонската Голф Федерација со најава: „Macedonian Open“ од 23 до 25 август во Банско

Турнирот ќе се одигра на терените на „Пирин Голф Клуб“ во Банско, Бугарија и ќе биде од отворен карактер. Право на учество, покрај домашни играчи, ќе имаат и странци кои ќе се натпреваруваат во посебна категорија. Оттука и очекувањата на организаторот за масовен интерес што во превод значи меѓу 80 до 100 пријавени голфери

Ракомет (ж): Македонија домаќин на квалификациски турнир за СП 2019

Противници на „црвено-жолтите“ девојки ќе бидат селекциите на Азербејџан, на Исланд и на Турција. Натпреварите ќе се одиграат во ВИП арена „Борис Трајковски“ од 30 ноември до 2 декември (влез слободен) и само првопласираната репрезентација ќе продолжи во наредната фаза. Баражите се закажани во јуни, мундијалот во Јапонија ќе се одигра од 30 ноември до 15 декември во 2019 година