Денеска во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, се одржаа финалните натпревари во рамки на 47.издание на боксерскиот турнир „Златен Гонг“.

Освојувач на наградата „Златен Гонг“ е Беким Вјерда (Албанија), за најдобар македонски боксер е прогласен Денис Муаремовски, најдобар техничар е Виолент Сулејмани (Косово), најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ (Србија), најдобар тренер е Кристијан Ходак (Хрватска), додека Бранислав Дамајановски (Србија) е прогласен за најдобар судија на турнирот.

Првиот „Златен гонг“ се одржа пред повеќе од 40 години на иницијатива на легендарниот спортски работник Живко Дуковски, а во организација на Боксерскиот клуб „Скопје“ од Скопје.

Првиот победник, во 1969 година беше Звонимир Вуин од Југославија.

Досега ова престижно признание на една од најстарите спортски манифестации, го освоиле десет македонски боксери, меѓу кои и Аце Русевски, Реџеп Јакупи, Мухамед Алија, Примислав Димовски, Мумин Вели, Фатлум Жута, Пеџеп Реџеповски, Џевад Асанов, Хами Наси и Седат Керимов.