Кадетско СП во ракомет: Македонија се одмазди на Аргентина во меч за 13. место

Македонската кадетска ракометна селекција го освои 13. место на осмото Светско првенство во Скопје. Во последниот настап на турнирот, „црвено-жолтите“ ја совладаа Аргентина со 29:26 (полувреме:...

Брестовац по вториот пораз на кадетското СП во ракомет: Ни фалеше расположен голман

Данска славеше над С. Македонија со 29:26 (полувреме 13:11) и по четврти пат ја потврди фаворитската улога во групата Ц на шампионатот во Скопје. Листата на стрелци во македонската репрезентација ја предводеше Мартин Серафимов со девет гола пред Ненад Костески кој постигна шест. Последен ривал во групната фаза на турнирот за македонските ракометари е Јапонија (понеделник, 20.30 ч.)

Победа во грч и против Бахреин: С. Македонија во осминафинале на ракометното СП за кадети

Во натпревар од третото коло во групата Ц совладан е Бахреин со 27:25 (полувреме: 12:9) по кој селекторот Данило Брестовац истакна дека е присутен напредок меѓутоа, истовремено, нагласи дека тимот што го предводи е далеку од максимум на капацитетот. Следува ден одмор за македонските кадети кои во недела (20.30 ч.) ќе играат против Данска, единствениот европски ривал во групата Ц до чиј крај потоа ќе преостане и пресметката со Јапонија

Ракометните кадети победија, Брестовац незадоволен: Не сме свои, играме во грч

Кадетската репрезентација на С. Македонија ја забележа првата победа на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години во Скопје. Во меч од второто коло во групата Ц е совладана Нигерија со 37:34 (полувреме 18:16), но освен резултатот, до драстично поправање на впечатокот по неочекуваниот пораз од Аргентина на стартот не дојде. Нареден ривал на националниот тим на СП 2019 за играчи до 19 години е Бахреин (СЦ „Борис Трајковски“, петок, 20.30 ч.)