Browsing: Влада

Владата на Република Македонија на денешната редовна 74-та седница, одржана преку видеоконференциска интернет врска, а врз основа на известувањето за…

„За“ предложениот владин кабинет гласаа 62 пратеника, а „против“ беа 51. Старо-новиот премиер Зоран Заев, меѓу другото, најави насочување на целосниот фокус кон економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување на што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата, но и посилно и поквалитетно здравство

За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ плус ДУИ и ДПА има мнозинство од 62 пратеника во Собранието. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека ќе учествува во дебатата за избор на нова Влада и како што изјави партискиот портпарол Димче Арсовски ќе гласа „против“

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде корона-криза, Евроатлантска…

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и во ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона-кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции. Програмата за работа на Владата, додаде тој, во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери