Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира да се легализираат со законот

0
By НОВА ТВ Balaban on May 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 29, 2021 16:11

Дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје, согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на ваквите објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека соодветно на категорија прва градба, надлежно е  Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за категорија втора и други градби надлежни се општините .

– Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објакети, коишто не се вградени во самиот закон. Секако соодветно на тоа се однесува и на Охрид. При тоа, да се знае, надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид, е дозволливо легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје, појасни премиерот Заев..

Во врска со новиот предлог-закон за легализација на бесправни објекти, Заев рече дека останува на своите принципи, да бидат респонзивни и да ја слушаат јавноста.

– Тоа е многу значајно, иако јас сум убеден дека и вака поставен законот може да ги исполни очекувањата на граѓаните и намената за којашто е предложен од Владата. Уште еднаш да напоменам, во самиот закон се отстранети колективните згради. Во законот се решенијата за оние граѓани коишто се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат домовите и објектите коишто ги имаат. Сега наоѓаме решение бесплатно тоа да го направат сите приматели на социјална помош и да ја легализираме и државната инфраструктура истовремено. Имаме огромен број објекти коишто не се впишани – водоводи, канализации, локални патишта, споменици на културата, објекти од областа на енергетиката, социјалната и здравствената заштита, градинки, училишта, болници и друго, потенцираше Заев.

Тој додаде дека претседателот на државата имал две забелешки, а граѓаните, исто така реагирале.

– Сите сме на став дека не треба да се откажеме од донесувањето на законот за легализација на бесправни правните градби, заради тоа што треба да се упишат објекти кои што се и споменици на култура, новата зграда на ЕСМ, околу 20 проценти водоводи и канализации во државата, 20-тина отсто локални патишта, коишто треба да имаат имотни листови и многу други објекти – додаде Заев.

Премиерот рече дека причините за донесување на законот се јасни, затоа што недонесување на закон, значи веднаш и одма отстранување, односно постапување по законите.

– Владата го овласти министерот за транспорт и врски да отвори јавна дебата со граѓанските организации и парламентарните групи и сите тие укажувања да бидат вградени. Прво тоа што стига од граѓаните, граѓанските организации и дел од пратениците е можноста за легализирање на куќите како дом за живеење, односно сите куќи кои што се дом за живеење, заклучно со 1 мај 2021 да ј добијат можноста за легализација. Второ укажување коешто стига е целосна забрана во националните паркови и заштитните посебни региони, каде што во националните паркови имаме строга заштита, имаме условеност и одржлив развој. Недовербата во институцијата да даде позитивно или негативно мислење за градење или легализирање во заштитени подрачја и национални паркови ја слушнавме од граѓаните и затоа имаме намера да ја прифатиме сугестијата за строга забрана во националните паркови и заштитени подрачја на строга заштита и втората зона на условената заштита – посочи премиерот.

Министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, во врска со тоа дали пред да се поднесе законското решение ќе се направи кетегоризација на дивоградбите,  рече дека не е сигурен дали општините имаат такви капацитети да можат денеска да прават регистри коишто ќе траат месеци и години, за потоа, кога ќе се донесе некое законско решение, да,  можеби, дел од тие граѓани не исполнуваат услови или можеби дел од нив не сакаат да поднесат барање за ставање на правна рамка во нивниот објект.

– Ние ќе донесеме закон којшто ќе биде уште порестриктивен. Јас верувам дека ќе се согласиме сите политички партии во Собранието, заедно со НВО, кој што ќе биде прифатлив за граѓаните, а веднаш потоа сите граѓани коишто ги исполнуваат сите услови ќе можат да аплицираат до матичните општини за нивните објекти да бидат ставени во правна рамка.  При нивната апликација, ние ќе ги преброиме, колку исполнуваат услови – ќе бидат решени, а оние коишто не ги исполнуваат условите ќе бидат одбиени. Со законското решение коешто ќе го донесеме ќе придонесеме да се увиди колку од тие објекти можат да бидат ставени во правна рамка, истакна Бочварски.

 

Влада дивоградби закони Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.