Browsing: Влада

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција. Но, најави и укинување на министрите без ресор што беше и предизборно ветување

Претседателот Пендаровски минатата недела најави дека мандатот за состав на идната влада ќе го довери на оној кој ќе увери дека обезбедил мнозинство во Собранието. Посочи дека уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор

Не два милиона евра, колку што првично објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, туку станува збор за 10 милиони евра што работодавачите ги задржале од државната финансиска поддршка што беше наменета за исплата на плати на работниците, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од Владата. Меѓу над 4.500 компании има и медиум

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе се обидат да обезбедазт парламентарно мнозинство за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на новиот владин кабинет

Првото и најверојатно е коалиција меѓу СДСМ/Беса и ДУИ, второто се однесува на коалиција меѓу СДСМ/Беса со Алијанса на Албанците и Алтернатива плус Левица и третото и најмалку веројатно е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица и ДПА, е вели во анализата на турската новинска агенција