Browsing: Влада

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави рангирањето на институциите според проактивното објавување информации од јавен карактер. По министерството за одбрана следуваат осум општини предводени од Велес. Министерствата и општините и натаму објавуваат најмалку информации за финансиите

На 13 јули (понеделник), според Уредбата, ќе гласаат лицата во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а ден подоцна и немоќните и хронично болни лица.

Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција добија задолженија за изготвување на посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапување од мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки. Апликацијата „СтопКорона“ станува задолжителна во секое решение за изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Лидерот на ДУИ излезе со ваков став на 18 годишнината од основање на партијата што побуди низа реакции кај политичките субјекти во земјава. СДСМ како коалициски партнер возврати дека тоа е услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. За албанските партии ваквата идеја на ДУИ е популистичка, а Ахмети нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните