Browsing: Влада

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во врска со односите со техничкиот министер, Наќе Чулев изјави дека се коректни, најголем дел од несогласувањата се надминати, но, сепак, останува на ставот за поднесување на кривична пријава

Демократската партија на Албанците (ДПА) и досега беше дел од владиниот кабинет преку поранешниот пратеник Бардиљ Даути кој ја извршуваше функцијата министер без ресор за странски инвестиции

Ова го покажува анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и споредено со истражувањата во 2017 година и лани, речиси секаде се бележи пад или стагнирање во активното користење на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и државните институции во ера на дигитализација. Претседателот е присутен на Фејсбук, на Твитер и на Инстаграм

Владата на денешната 174 редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на договорот со НАТО што ќе биде проследен до пратениците. По усвојување на документот и негова објава во „Службен весник“, ќе биде испратен во Вашингтон и ќе стапи во сила штом и Шпанија го ратификува Протоколот за македонско членство во Алијансата

И до нас допреа информации дека ДУИ може да реши да одглуми некаква храброст и да ја напушти Владата, но и да се случи такво нешто, би било навистина идиотски после толку години власт и такви лоши политики сега ние да го спасуваме ДУИ. Не доаѓа предвид да влеземе во техничката Влада, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари

Како причина за тоа, како што наведуваат од владината прес-служба, е наведено дека концесионерот и по четири години од склучување на договорот немал поднесено барање со целосна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини