Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со одлука на Влада: Ѓонул Бајрактар го презема раководењето со МТСП

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2020 15:46

Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Ова доаѓа како заклучок на десеттата седница на техничката Влада на која е констатирано дека се создадени услови од член 48, став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во делот 4 на став 2 од член 48 во посочениот Закон се уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи и во него се вели дека „заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“.

Бајрактар стапува на должност во МТСП, откако ВМРО-ДПМНЕ не предложи нов кадар како замена за Рашела Мизрахи која беше разрешена во македонското Собрание по предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски. Како образложение на барањето наведе дека „министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“ со што, според него, „го прекршила Уставот со тоа непочитување на Преспанскиот договор и на тој начин ги загрозила евроинтеграциите“.

На владината седница беше усвоена и одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 5.277.000 милиони денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година.

Разгледана и усвоена е информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства што влијаат на зголемување на концентрацијата на РМ10 и РМ2.5 честички.

Влада Ѓонул Бајрактар МТСП одлука Рашела Мизрахи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.