Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВТА
Шпанецот за, речиси, час и половина го совлада Александар Долгополов со 6:4, 6:4 во финалето во шведскиот град за прв АТП трофеј по Виена во 2015 година, Романката, пак, подобра од Гергес со 6:3, 7:5 во мечот за титулата во романската престолнина
Холандската тенисерка во финалето ја совлада чешката квалификантка Барбора Крејчикова со 6:2, 6:1 и без загубен сет го заокружи успешниот настап во Германија
Кам-бекот на чешката тенисерка ќе биде на Ролан Гарос, а во првиот официјален меч, по нападот во нејзината куќа во Простејов во декември, ќе игра против Американката Џулија Босеруп
За најдобриот македонски рекет ова ќе биде трето гренслем искуство по Ју-Ес опен и Австралија опен, прво на париската прашина. На тенискиот комплекс во Париз, според костурот, ќе дебитира во среда. Подобрата во второто коло ќе игра со победничката од дуелот меѓу Каи Ченг Чанг од Кинески Тајпеј и Британката Тара Мур
Украинката во финалето во италијанскиот главен град ја совлада Симона Халеп со 4:6, 7:5, 6:1 како најава за добрата форма на земјена подлога пред Ролан Гарос. Во машкото финале попладнево ќе играат Ѓоковиќ и Александар Зверев
Украинката ќе игра четврто ВТА финале во 2017 година во кое ќе атакува и на четврта титула, откако Мугуруза го предаде полуфиналето по само 22 минути игра. Романката, пак, ја елиминира Кики Бертенс со 7:5, 6:1
Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци
Романската тенисерка во финалето ја совлада Кристина Младеновиќ од Франција со 7:5, 6:7, 6:2. До 15. трофеј во кариерата стигна по два часа и 44 минути игра
Британката во финалето ја совлада Каролина Возњацки од Данска со 6:4, 6:3 за што доби чек на 940.000 долари и од понеделник ќе биде седми светски рекет кај дамите
Хрватската тениска ветеранка славеше против Катарина Биндаренко со 6:2, 2:6, 7:6, и покрај водството на Украинката со 1:5 во третиот сет, и во наредното коло ќе игра со Агнешка Радванска од Полска
Казахстанката победи со 4:6, 6;4, 7:6 против најдобрата српска тенисерка во моментот која имаше водство со 4:2 и 5:3 во третиот сет и меч топка во десеттиот гем, но не успеа до второто коло
Русинката во финалето, по голема борба и речиси три часа игра, ја совлада сонародничката Светлана Кузнецова со 6:7, 7:5, 6:4 за трета турнирска победа во кариерата