Комисија за избор и верификација во ФФМ: Само Тасев за претседател

Кандидатот за наследник на Илчо Ѓорѓиоски од ОФС Кавадарци е единствениот што, според членовите на комисијата, ги исполнувал општите и посебниот услов од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија. Останатите тројца кандидати - Влатко Костов (ОФС Тетово), Вујадин Станојковиќ (ОФС Куманово) и Харалампие Хаџи-Ристески (ОФС Неготино и ОФС Ресен) се одбиени бидејќи не го исполнувале посебниот услов за кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија утврден со член 91 став 1 од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија“. Сите тројца имаат право на жалба во рок од три дена