Browsing: Закон за ЈО

Предложениот текст синоќа доби зелено светло во Владата и влегува во собраниска процедура. Власта ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Парламентарното мнозинство смета на гласовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА

Уставот е јасен, вели претседателот на Собранието, укажувајќи дека законските рокови за сите изборни дејства не може да се кратат. Битката за закон за јавното Обвинителство нема да може да се води преку скратување на законските рокови предвидени за изборниот процес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција предложи да се формира тим од врвни експерти кои што ќе работат на изготвување на законското решение за што ги предложи да бидат вклучени професорите по уставно и казнено право – Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат за прифаќање на сите забелешки на експертите кои учествуваа во јавната расправа, министерката за правда, Рената Дескоска им возврати да се посветат на подготовка на амандмани ако сметаат дека се потребни измени во текстот на законот

Ако биде предложен усогласен текст на законот за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, веднаш ќе биде ставен на пленарна седница, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери

Јавната расправа за законот за јавно обвинителство која предизвика големо внимание кај стручната и академската јавност. Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески ги повика пратениците да ги изгласаат предложените решенија кои, според него, ја зацврстуваат самостојноста на јавните обвинители во постапувањето

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“