Browsing: Закон за ЈО

Новата верзија на законот за јавно обвинителство ќе влезе во собраниска процедура во вторник. Истиот ден ќе се одржи јавна расправа на која ќе биде поканет и државниот обвинител Љубомир Јовески, еден од условите што ги постави ВМРО-ДПМНЕ

Кусо по почетокот на вчерашната средба на партиските работни групи во Собранието, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија просторијата со образложение дека бараат присуство и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. За власта, ваквата постапка на опозицијата е алиби за бегство од процесот на преговори

Иако не е услов за почеток на преговорите со ЕУ, сепак високите европски претставници во изминатиот период се погласно ја споменуваат потребата од носење на Законот за ЈО во сегашниот парламентарен состав

Според лидерот на опозициската партија, предложеното законско решение за ЈО е неприфатливо, бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта

Шансите за донесување на законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, доколку државните интереси за евроинтеграција ги стави пред интересите на одредени нејзини партски членови за кои се водат постапки во редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство, изјави министерката за правда

ВМРО ДПМНЕ, според СДСМ, се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот за Јавно Обвинителство пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела

За денеска е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот. Од опозициската партија ја потврдуваат средбата, но истовремено нагласуваат дека сама по себе не значи дека ќе има договор со власта за законот. Заев потврди дека ќе разговара и со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство