Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата се видоа за законот за ЈО и се договорија пак да се видат

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2020 18:58

Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе достават предлози и забелешки на законот за Јавно обвинителство, по што би требало да се одржи средба на работните групи. Ова, како што брифираат од двете партии, е договорено на денешната средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, на која станало збор за можните решенија и одглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот во наредните денови пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела. Постапките на СЈО и продолжување со работа на обвинителите на конкретните случаи со кои се задолжени остануваат најголем проблем за опозицијата. Ние сакаме правда и професионално обвинителство кое ќе ги продолжи постапките. СДСМ цврсто стои зад донесување на законот и работиме со сите пратенички групи за негово донесување“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека камен на сопнување продолжува да биде, како  што наведуваат, „неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби“.

Она што и досега гласно го кажуваа од Белата палата е дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа тимот на СЈО зад кои, како што велат, останаа прилично многу контроверзи да биде удомен на некој начин во тимот на обвинителката на организиран криминал, Вилма Русковска, во која тие гледаат нова Катица Јанева. Според нив најпроблематични во разговорите ќе бидат членовите во преодните и завршните одредби, односно оние што предвидуваат Собранието да ги селектира обвинителите, како и, според нив, барањето од опозицијата за легализирање на предметите на СЈО покренати по 17 јуни 2017 година. Другиот дел се однесува, како што вели тој, на противзаконските постапки што ги има отпочнато СЈО по 30 јуни 2017, што според СДСМ, пак, претставува обид на опозицијата да ги спаси своите функционери од казна за сторениот криминал.

Бојан Маричиќ ВМРО ДПМНЕ Закон за ЈО СДСМ Тимчо Муцунски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.