Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2020 17:30

По нешто помалку од час и половина од почетокот на средбата на партиските работни групи за законот за јавно обвинителство што се одржува во Собранието, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија дискусијата поради тоа што не била прифатена нивната иницијатива за присуство на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Антонио Милошоски, иако децидно не потврди дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на идни средби доколку на нив не присуствува државниот обвинител Јовески, сепак истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи учеството на вакви средби на кои ќе биде обезбедено неговото присуство.

Во однос на тоа зошто е потребно присуството на Јовевски на ваквите средби, Милошоски истакна дека тој лани во декември имал големи забелешки на разговорите и на Предлог-законот за јавно обвинителство, истакнувајќи дека е потребно да се донесе квалитетен закон кој нема да е резултат на политички договарања.

Тој изрази задоволство што на денешната средба биле присутни и претставници на меѓународната заедница, односно од Американската амбасада, Делегацијата на ЕК во Скопје.

„Ја поздравуваме иницијативата за одржување средба во поширок формат во присуство на парламентарни групи и со присуство на меѓународни претставници, со една мала забелешка дека со ваков поширок формат на средба требало да се разговара пред една година наместо една недела пред распуштање на Собранието“, рече Милошоски.

На денешната средба тие побарале и одржување на јавна расправа со учество на стручната јавност од кривично-правната област, јавни обвинители и професори кои ќе дадат придонес во изработка на квалитетно решение.

Милошоски истакна дека четвртиот предлог што го добиле од Министерството за правда го ценат како добра основа за преговори за стигнување до едно подобрено решение за закон за Јавно обвинителство.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера ги изразија своите позиции во однос на предложеното законско решение во пресрет на средбата на работните групи.
Мицкоски рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози.
Иако не е услов за почеток на преговорите со ЕУ, сепак високите европски претставници изминатиот период законот за ЈО го споменуваат се погласно дека е потребно да се донесе во сегашниот парламентарен состав.
Заев вчера порача дека не држат тезите дека преку овој предлог некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт.
Лидерот на СДСМ во однос на најавата на Мицкоски дека нема да учествуваат ако не се прифатат нивните забелешки рече дека тоа е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.

Мицкоски, пак, истакна дека дел од членовите во новиот предложен закон за јавно обвинителство се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ,  бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта.

Резидентни амбасадори од земјите членки на Европската Унија во земјава вчера на средбата со премиерот Оливер Спасовски истакнаа дека носењето на законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава кон дијалог и кон владеење на правото.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу валста и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по неодамнешната посета на еврокомесарот Оливер Вархеjи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот, што би било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата.

Антонио Милошоски ВМРО ДПМНЕ Закон за ЈО Љубомир Јовески работни групи СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.