Browsing: закон

Државниот јавен обвинител порачува дека Јавното Обвинителство е подготвено за имплементација на новите одредби од Законот, за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) и дека сторителите на кривични дела ќе добијат заслужена казна. Но, и дека Обвинителството овојпат нема да ја повтори грешката од минатото во кое, поради непостапување, се формира СЈО

Иако навидум двете состојби предвидуваат генерално исти мерки кои би значеле построга контрола и поголеми забрани за граѓаните, сепак вонредната состојба овозможува поефикасно и поитно функционирање на институциите

Oва доаѓа по состанокот на техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски со претставници на Здружението на информатичко-комуникациски технологии кое ги обединува сите кабелски оператори

Министерот за информатичко општество и администрација очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради фактот, како што вели, дека „сите сме приморани да седнеме на маса и да најдеме брзо ама реално решение за проблемот“ во атмосфера на прилично голема недоверба меѓу операторите и радиодифузерите

Некој очигледно пиратира и сака да продолжи да пиратира и притоа се заканува на јавноста дека ако не му биде дозволено да пиратира тогаш ќе затемни и ќе влеземе во информативен мрак. Ова е навистина крајно непринципиелно однесување, порача на денешната прес-конференција претседателот на ММА

Македонското Собрание, во рамки на 126-та седница, со 63 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“ и по скратена постапка го донесе Законот за измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска образложувајќи го, рече дека влегла во МО за да оствари две големи цени – влез на земјата во НАТО и армијата да биде ценета, и оти вели, сега може да каже дека овие две цели се постигнати

Законот кој беше донесен кон крајот на минатата година предвидува дека верските објекти изградени или стекнати од јавни приходи до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност. Според измените и сополнувањата на Зајконот за Собрание, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секратар во согласност со буџетскиот совет на Собранието