Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Макпетрол“: Неопходен е Закон за биогорива за остварување на целите за декарбонизација во транспортот

0
By Нова ТВ on June 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 26, 2020 12:36

Зголемување на учеството на биогоривата до 10 проценти до 2030 година предвидува Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година што беше објавена во јануари годинава, потсетуваат од „Макпетрол“. Стратегијата оценува дека декарбонизација во транспортот претставува еден од главните предизвици. Констатирано е дека дизел-горивото го придвижува растот на транспортот, додека користењето на обновливи извори на енергија е занемарливо.

„Финалната потрошувачка на енергија во транспортот се зголемува за девет проценти на годишно ниво, додека дизел-горивото што се користи во патниот сообраќај се зголемувало за десет проценти во периодот 2013-2017 година. Потрошувачката на обновливи извори на енергија во транспортот е помала од 0,2 процента годишно за периодот 2012-2015 година. Другите алтернативни извори, како што е биоетанолот, електричната енергија или биогасот во транспортот не се присутни, се вели во Стратегијата.

Уделот на биогоривата во транспортот се предвидува да се зголеми од 1,25 проценти во 2020 година до 10 проценти во 2030 и 2040 година. За таа цел, потенцираат од компанијата, важно е да се воведе постојана надградба на идните национални акциски планови за стимулирање и користење на биогоривата и на електричната енергија во транспортот со сеопфатна цел за намалување на емисијата на стакленички гасови и на локалното загадување.

„ Со цел да се постигне учество од 10 проценти на биогоривата до 2030 година мора
да се донесе Закон за биогорива и Акциски план во следните две години“, се вели во
Стратегијата како можни политики и мерки за поддршка на обновливите извори на
енергија во транспортот.

Додека биодизел-горивото на македонскиот пазар има удел од само 0,2 процента, сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, а 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. На нашиот пазар нема понуда на биоетанол.

Биогоривата претставуваат најоптимално решение за намалување на емисијата на CO2 од транспортот. Половина од возилата на нашите патишта во 2018 година или над 208 илјади биле со погон на дизел-гориво и со просечна старост од 19,1 година. Тоа значи дека биодизел-горивото, со негова популаризација и помасовна употреба може да биде најдобра краткорочна мерка за намалување на загадувањето од транспортот.

Дополнително, дизел-горивото со биокомпонента му годи на моторот бидејќи обезбедува природно подмачкување на внатрешните делови, повисоката содржина на кислород, обезбедува почисто согорување и намалување на остатоците од согорување во моторот, додека повисокиот цетански број од тој на обичното дизел-гориво обезбедува посмирена работа на моторот и помало абење на деловите.

Декарбонизација закон Макпетрол стратегија Транспорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.