Собранискиот спикер Талат Џафери денеска во 12.30 часот ќе дава исказ во Јавното обвинителство, за „крвавиот четврток“ во Парламентот.
Џафери ќе даде исказ за сè што се случило во Собранието на 27 април, денот кога беше избран за претседател и кога насилници упаднаа во Собранието и повредија неколку пратеници.
Искази за инцидентот досега дадоа првите луѓе на СДСМ, неколку пратеници од парламентарното мнозинство, а повикани се и двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дадат исказа пред ОЈО.