Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талески во притвор, Општината склучи договор вреден 5 милиони евра

2
By Нова ТВ on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2016 16:31

Општина Битола, под палката на градоначалникот во куќен притвор, Владимир Талески, потпиша милионски договор за изградба на северната трибина на градскиот стадион „Тумбе кафе“. Договорот е склучен на 23 август, а е објавен денеска на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Тендерот во вредност од 5 милиони и 400 илјади евра го доби градежната фирма „Гранит“ од Скопје.

download
стадион Тумбе кафе

НОВА контактираше со Службата за односи за јавност за да дознае кој го потпишал милионскиот договор, но до крајот на денешниот работен ден не добивме информација од општината.

„Можно е договорот да го потпишал лично Талески, но има опција и да има овластен потписник за овој тендер, бидејќи се објавува по втор пат и е од постар датум“, велат за НОВА извори од општината.

Битолскиот градоначалник Талески, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и проневера на пари во случајот „Транспортер, во домашен притвор е од 16 јуни. Но и покрај неговото физичко отсуство од Општината, сепак тој и натаму раководи со Битола.

Како што претходно објави НОВА, Општината функционира преку курирска служба која праќа документи и материјали до домот на Талески кој ги потпишува, верифицира и потоа се враќаат повторно во Општината, објасни пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски за НОВА.

taleski

И покрај тоа што по трет пат му е продолжен домашниот притвор, тој од дома носи одлуки и потпишува одлуки за Општината, наместо да назначи заменик, спротивно на Законот за локална самоуправа.

Според советничката во општина Битола, Габриела Илиевска од ВМРО-НП, Талески е во притвор и од притвор не може да носи одлуки и да потпишува документи.

„Тој требаше многу одамна да си поднесе оставка уште кога обвинителството потегна истрага против него, а не кога му беше доделен куќен притвор, тоа е веќе доцна“, вели Илиевска.

Според Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Битола, градоначалникот во рок од 60 дена по неговиот избор, треба да назначи заменик во случај тој да биде привремено спречен да ја извршува функцијата. Тие 60 дена изминаа, но Талески и натаму е градски татко на Битола.

Советничката Илиевска поднесе барање до Основниот и Апелациониот суд, како и до Специјалното јавно обвинителство да дадат мислење како се применува Законот за кривична постапка со случајот со градоначалникот Владимир Талески, кој повеќе од два месеца од куќен притвор раководи со општината.

bitola
Општина Битола

Советничката поднела барање и до правната комисија на Собранието на Република Македонија за правно толкување на Законот.

НОВА ТВ испрати барање до Општината Битола пред повеќе од еден месец, но се уште нема добиено одговор зошто се уште не е назначен заменик за Талески во општината.

Битола Владимир Талески домашен притвор стадион во Битола транспортер Тубме кафе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.