Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците прогласија крај на војната во Авганистан

0
By Biljana on August 17, 2021 СВЕТ
Фото: BBC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 19:25

Талибанците денеска на своето прво јавно појавување по освојувањето на власта од прозападната влада на Ашраф гани, објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека сите нивни противници ќе бидат помилувани.

„Војната заврши … лидерот им прости на сите“, рече портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, додавајќи дека тие се посветени да им дозволат на жените да работат во согласност со принципите на исламот.

Муџахид на светот му ги соопшти плановите на оваа милитантна група во Авганистан, порачувајќи им на жителите на Кабул дека нема причина да се грижат, но посочи дека нивните постапки биле неопходни поради слабоста на претходната влада.

„За жал, претходната влада беше слаба и не ги исполни ветувањата. На улиците немаше полиција, закон и ред, бандите почнаа да ја преземаат власта во земјата, но името на Исламска држава се уште се користеше. Немавме друг избор освен да дејствуваме и да ги пуштиме нашите војници да влезат во градот“, рече Муџахид.

Тој на жителите на Кабул им порача дека немаат причина за паника, и дека нивната безбедност е приоритет.

„Ви ветуваме дека ќе бидете безбедни, бидејќи доаѓаме со најдобра намера“, изјави поертпаролот на талибанците.

Загриженоста на меѓународната заедница, како што вели Муџахид, е очекувана и целосно оправдана, но територијата на Авганистан им припаѓа само на жителите на оваа земја. Ако странските сили сакаат да бидат распоредени, тие мора да иницираат разговори со талибанците.

„Сосема е нормално што меѓународната заедница е загрижена, но ги уверуваме сите странски амбасади и соседи дека нема причина за грижи. Нема да дозволиме нашата територија да се користи за воени цели. Дадовме ветување – ќе го исполниме“, решително изјави портпаролот на талибанците.

Илјадници жители на Кабул се уште се на аеродромот од каде очајно се обидуваат да избегаат од талибанските власти. Американските војници продолжуваат да ја контролираат областа, но се очекува тие да ја напуштат земјата кога вработените во амбасадата и сите нивни граѓани ќе бидат успешно евакуирани. Претседателот Џо Бајден синоќа изјави дека талибанците можат да очекуваат брза и одлучна реакција доколку ги загрозат американските граѓани, но посочи дека военото присуство цо оваа земја веќе не е потребно, со оглед на тоа што авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата и предаде власта.

Иако светот, барем според првичните реакции на светските лидери и организации, се плаши од постапките на талибанците, особено кога станува збор за правата на жените и слободата на медиумите, портпаролот Муџахид кажа дека жените ќе бидат еднакви, а медиумите ќе бидат слободни.

Во врска со положбата на жените под власта на талибанците Муџахид на новинарите им соопшти дека нема да има дискриминација.

„Ги гарантираме правата на жените според шеријатските закони. Тие ќе работат рамо до рамо со нас. Ја уверуваме меѓународната заедница дека нема причина за грижи. Жените ќе можат да работат и учат непречено“, рече Муџахид, ветувајќи ја нивната еднаква позиција со мажите.

Кога станува збор за вторатаважна тема – медиумите, портпаролот изјави дека талибанците ќе бидат максимално посветени, доколку нивните активности не се во спротивност со исламските вредности.

„Вие во медиумите треба да обрнете внимание на нашите недостатоци, за да можеме правилно да им служиме на луѓето, но никогаш да не работиме против нас. Мораме да бидеме обединети“, рече тој.

 

Авганистан Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.