Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Не сме родени во Влада, ако сметаат ќе бидеме, ако не ќе одиме во опозиција

0
By Zoran Ivanov on April 19, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 19, 2025 16:40

Пред една година зборувавме за спојување, но сите инсистира дека треба да останеме четири партии. Реков ако останевме четири треба да излеземе со сопствени советнички листи. Ништо повеќе туку АА да излезе со своја советничка листа, да видиме колку тежиме, колку не вреднуваат граѓаните. Уште пред една година им кажав дека добро би било да се споиме, но немаат интерес. За градоначалници им оставив простор заедно да излеземе, но категорично бевме одбиени од сите во Влен. Така да преостанува сите да излеземе со сопствени кандидати. АА ќе оди посебно, а Влен ќе одат со заеднички кандидати. Така кажаа, дека сум се самоисклучил. Е сега што ќе биде понатаму не знам. Дали Владата ќе не отпише? Не знам. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не ќе одиме во опозиција. Генерално ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот – рече Таравари во емисијата „Стадион“ на радиото „Канал77“.

На прашањето дали сето ова е маркетиншки потег, кој на парламентарните се покажа како успешен. Односно дали ќе се натпреварува за Гостивар?

Не, сигурно не за градоначалник на Гостивар. Но, имаме актуелен кој по анкетите стои многу подобро отколку што бев јас. Немам амбиции пак да се кандидирам за градоначалник. Многу ни значи да излеземе со добар резултат. Велам ВМРО ДПМНЕ победи уште во 2021 година, на локалните избори. Нам многу ни значи колку општини ќе добиеме. Како АА посакуваме да добиеме што повеќе. Па кога ќе се одржат парламентарни би се позиционирале како позначајна партија во албанскиот блок – рече тој.

Таравари негира дека се сретнал со Ахмети, но потврдува дека комуницирал.

Со Ахмети не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Генерално АА ја бие битка со ДУИ пред 10 години, за да видиме која ќе биде прва партија меѓу Албанците. Ако некој биел битка со нив тоа е АА, другите се нивни деривати, излезени се од ДУИ. Со ВЛЕН гледам дека од нивна страна се одлучни да одат сами и на парламентарни, ако има вонредни. Иако не е разговарано јас мислам да се оди посебно. АА е партија, печатите и членството се кај нас, но партија не се печатите, туку членство. Ако немаш поддршка џабе е – рече Таравари.

Од Влен рече дека не се откажува, но не гледа простор за понатамошна соработка. Со лидерот на другото крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села не се видел од февруари 2024 година и, како што рече, не планира да се види.

 

 

Влада ВЛЕН избори Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.