Министерот за здравство Арбен Таравари ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар, потврди Таравари за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК .
-До почнување на предизборната кампања останувам во Министерството за здравство. За време на кампањата ќе земам две недели одмор, меѓутоа ќе одам во Министерството за да завршам неопходни работи, вели Таравари за порталот.
Сакамдакажам.мк цитира извори на партијата дека оваа одлука е донесена откако пропаднале преговорите на Алијансата со БЕСА за заеднички да настапат на престојните локални избори.