Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2025 16:18

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Тендерот ги помина сите постапки како што треба. Значи нема нешто што е нерегуларно. Јас не знам зошто толку паника. Ние уште не сме го потпишале, треба да помине на Влада, па во Влада треба да се видат одредени филтри за сите потребни документи. Дека треба паркинг на Клинички центар тоа никој не го спори, што побргу да има толку подобро. Меѓутоа мене многу ми значи гласот на јавноста. Иако некои викаат дека ценатата од 50 денари (за час) била многу, јас мислам дека во повеќето градови 50 денари е паркинг, каде било. Ако го оставиме со многу ниска цена и тоа не е добро. Сега ни се случува, повеќе луѓе да се паркираат во Болница и да излезат приватно низ градот да се прошетаат, бидејќи е најевтиното паркинг место, изјави Таравари на новинарско прашање за паркингот за Клинички центар и дали ќе го поништи тендерот и кога ќе се реши хаосот со паркирањето по денешната посета на Општата болница во Велес.

Тој смета дека треба да се има предвид и дека ако се поништи тендерот тоа значи дека за нова тендерска постапка ќе помине уште барем една година.

Дека на Клинички му требаат нови катни гаражи тоа е неспорно, оти луѓето доаѓаат и трошат од 30 до 60 минути додека најдат паркин место.  Катни гаражи во Клинички е нешто што сме го ветиле како Влада, ако некому му пречи името на компанијата, мислам дека не е во ред. Меѓутоа повторно, многу ми значи гласот на јавноста и потоа ќе видиме, ќе процениме како Влада, па и како Министерство дали да продолжиме да го тераме процесот или да се вратиме од почеток и уште еднаш да објавиме тендер за катни гаражи во Клинички центар. Но треба да имаме предвид дека тоа ќе трае уште една година, односно од шест месеци до една година бидејќи е меѓународен тендер, а повеќе луѓе ми се жалат дека навистина многу им значи да имаме што повеќе нови паркинг места на Клинички центар, рече Таравари.

клинички Таравари тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.