Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис: Азаренка го пропушта Ју-Ес опен за старателство врз синот

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Викторија Азаренка си постави логичен приоритет пред себе. Белоруската тенисерка ги стави во втор план тениските настапи и се фокусира на борба за старателство врз синот Лео. Комплицираната семејна ситуација во која се најде по породувањето е единствена причина поради која поранешната најдобра светска тенисерка го откажа учеството на Ју-Ес опен што ќе стартува во понеделник.

„Тажна сум што нема да можам да се натпреварувам на годинашното издание на Ју-Ес опен поради семејната ситуација што ја решавам. Ќе ми недостасува престојот во Њујорк и игрите на еден од моите најомилени турнири на кој доживеав многу убави моменти. Се радувам што догодина ќе играм на американскиот гренслем“, стои во соопштението за јавност на Азаренка.

Белорусинката се породи во јануари, а на ВТА турот се врати во јуни. Беше елиминирана во второто коло на турнирот во Мајорка и во четвртото на Вимблдон. Сега е принудена за ново отсуство бидејќи во меѓувреме се раздели со таткото на своето дете, па е принудена, во законски рамки, да го решава прашањето за старателство.

Законски, додека трае постапката, Азаренка не смее да го изнесе синот од Калифорнија каде е роден и каде живеееше семејството, а без него не сака да патува во Њујорк. Во дописот, меѓудругото, наведе дека не е подготвена да се одвои од Лео што е причина за откажувањето од Ју-Ес опен што важеше и за Мастерсот во Синсинати.

Азаренка има два настапа во мечевите за титула на Флешинг Медоу и во двата беше поразена од Серена Вилијамс во 2012 година и во 2013 година. Нејзиното место во ждрепката за главниот турнир ќе ѝ припадне на Јапонката Миса Егучи, потврдија организаторите на последниот гренслем во сезоната.

Викторија Азаренка Ју-Ес опен тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.