Роџер Федерер е освојувач на АТП турнирот од серијата 500 во Базел. Јубилејната, десетта, титула во родниот град, четврта во 2019 година по Мајами, Дубаи и Хале и вкупно 103 во кариерата, Швајцарецот ја понесе по убедливиот триумф во финалето над Алекс де Минор со 6:2, 6:2.
Доминик Тим, пак, триумфира во Виена за 16 турнирска победа во кариерата. Австриецот во мечот за титулата славеше над Диего Шварцман од Аргентина со 3:6, 6:4, 6:3 и стана прв домашен тенисер што победи во главниот град по Јирген Мелцер во 2010 година.