Давид Ферер стави крај на двегодишниот пост без титула на АТП турнирите. Шпанецот за, речиси, час и половина го совлада Александар Долгополов со 6:4, 6:4 во финалето во Бастад за прв трофеј по Виена во 2015 година.
Турнирот во шведскиот град, што оваа година се играше за награден фонд од 540,310 евра, очигледно „му лежи“ на шпанскиот тенисер на што упатува историјата. Тој денеска го одигра четвртото финале и ја освои третата титула во десеттото учество во Бастад. Против Украинецот го забележа десеттиот триумф во 14 меѓусебен дуел.
Романската Ирина Камелија Бегу, пак, е освојувачка на ВТА турнирот во Букурешт вреден 226,750 долари. До првата титула во 2017 годинаа таа стигна за нешто повеќе од 90 минути во финалето против Германката Јулија Гергес за конечни 6:3, 7:5.
АТП турнир во Бастад, Шведска/награден фонд 540,310 евра
Финале: Ферер (Шпанија) – Долгополов (Украина) 6:4, 6:4
ВТА турнир во Букурешт, Романија/награден фонд 226,750 долари
Финале: Бегу (Романија) – Гергес (Германија) 6:3, 7:5