Новак Ѓоковиќ остана без финале на АТП турнирот во Доха. За титулата ќе игра Роберто Баутиста Агут кој во полуфиналето, со пресврт, го совлада српскиот тенисер со 3:6, 7:6, 6:4 по два часа и 37 минути игра.
Ривал на Аргентинецот во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Италијанецот Марко Чекинато и Чехот Томаш Бердих.