Енди Мареј траеше само еден меч на Мастерсот во Индијан Велс. Васек Поспишил, 129 светски рекет, приреди голема сензација со победата над Британецот со 6:4, 7:6 по, речиси, два часа игра.
Настапот на најдобриот светски тенисер во моментот според АТП листата е само потврда дека не е ни приближно истиот од 2016 година и покрај освоената титула во Дубаи. Пропушти две брејк прилики во воведниот сет и дозволи да загуби добиена позиција. Канаѓанецот со две раце ја прифаќаше секоја шанса, губеше со 2:4 и успеа да врзе четири гема во низа за 6:4 и водство против големиот фаворит.
Поспишил и во продолжението покажа одлучност и карактер. Кога веќе насети дека може до изненадување остана доследен на себе, цврсто на земја и фокусиран на обврските на терен. Победата во најава стануваше се пореална на почетокот на вториот сет. Направи брејк уште во првиот гем, Мареј набрзо потоа возврати и по израмнувањето се играше гем за гем без возбудувања.
Канаѓанецот направи два мини брејка во тај-брејкот за недостижни 6:2 по што беше јасно дека му нема спас на Британецот кој го забележа третиот пораз во оваа сезона. Тоа, сепак, не го оптоварува многу бидејќи ќе загуби само 20 бода бидејќи лани во Индијан Велс беше елиминиран во третото коло.
АТП Индијан Велс – серија Мастерс 1000 – награден фонд 7,913.405 милиони долари
Резултати, 2 коло
Поспишил (Канада) – Мареј (В. Британија) 6:4, 7:6
Вавринка (Швајцарија) – Лоренци (Италија) 6:3, 6:4
Куевас (Уругвај) – Клижан (Словачка) 7:6, 7:6
Баутиста (Шпанија) – Манарино (Франција) 7:5, 6:2
Монфис (Франција) – Кинг (Барбадос) 3:6, 6:0, 6:1
Рамос (Шпанија) – Џумхур (БиХ) 6:4, 5:7, 7:5
М. Зверев (Германија) – Соуса (Португалија) 6:4, 6:3
Лајовиќ (Србија) – Лопез (Шпанија) 6:2, 4:6, 7:6
Бердих (Чешка) – Фратанџело (САД) 7:6, 6:4
Колшрајбер (Германија) – Долгополов (Украина) 6:7, 1:1 – Долгополов предаде
Карено Буста (Шпанија) – Гојовчик (Германија) 7:5, 6:2
Иснер (САД) – Кукушкин (Казахстан) 7:6, 7:6
Гофан (Белгија) – Качанов (Русија) 6:4, 3:6, 6:3
Фоњини (Италија) – Цонга (Франција) 7:6, 3:6, 6:4
Нишиока (Јапонија) – Карловиќ (Хрватска) 6:4, 6:3
Тим (Австрија) – Шарди (Франција) 6:2, 6:4
ВТА Индијан Велс – серија Премиер – награден фонд 6,993.450 милиони долари
Резултати, 2 коло
Сафарова (Чешка) – Вандевеј (САД) 4:6, 6:4, 6:1
Дејвис (САД) – Севастова (Летонија) 7:5, 6:3
Веснина (Русија) – Роџерс (САД) 6:4, 7:5
Бабош (Унгарија) – Лепченко (САД) 4:6, 7:6, 6:2
Халеп (Романија) – Векиќ (Хрватска) 6:4, 6:1
В. Вилијамс (САД) – Јанковиќ (Србија) 1:6, 7:6, 6:1
А. Радванска (Полска) – Сорибес Тормо (Шпанија) 6:3, 6:4
Гергес (Германија) – Стосур (Австралија) 4:6, 6:4, 6:4
Пенг (Кина) – Коњух (Хрватска) 6:4, 6:2
Осака (Јапонија) – Жанг (Кина) 6:4, 6:2
Кис (САД) – Дуке Марино (Колумбија) 6:1, 7:5
Младеновиќ (Франција) – Бек (Германија) 6:0, 7:5
Синијакова (Чешка) – Суарез Наваро (Шпанија) 6:3, 7:5
Парментие (Франција) – Путинцева (Казахстан) 6:2, 6:3
Возњацки (Данска) – Линете (Полска)6:3, 6:0
Кербер (Германија) – Петковиќ (Германија) 6:2, 6:1