Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис, Синсинати: Кирјос и Димитров по прв Мастерс трофеј

0
By Нова ТВ on August 20, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ник Кирјос (22) против Григор Димитров (26) вечерва во Синсинати по прва Мастерс титула во нивните кариери. Двајцата тенисери ги решаваа полуфиналните дуели низ тај-брејк пришто Австраиецот беше подобар од Давид Ферер (7:6, 7:6), а Бугаринот од Џон Изнер (7:6, 7:6).

„Ноќна мора е да се игра против него. Пред се поради мојата висина што тој баш и ја нема. Испраќа прилично ниски удари и во целиот меч не добив топче за удар на ниво на рамото. Навистина ми беше тешко. Не играв најдобро што можам, сервисот не ме служеше низ гемовите, но не можат да се пожалам за тај-брејкот. Горд сум што сепак победив и ќе играм финале“, рече Кирјос по елиминацијата на Ферер.

Димитров ќе влезе во финалето во Синсинати со некој час повеќе одмор од Кирјос. Бугарскиот тенисер во игра на нерви беше подобар од Изнер и вечерва ќе игра за седмата АТП титула во кариерата во која највредна засега е освоената на Мексико опен, турнир од серијата 500.

„Мислам дека ова е чекор во добра насока за мене. Веќе подолго време сум дел од АТП турот и исклучително ги ценам ваквите моменти. Секогаш е прекрасно чувството кога ќе играте во финале без разлика дали е Мастерс 1.000 или турнир од категоријата 250. Тоа е нешто за кое тренирате и кон што се стремите“, порача Димитров.

Со Мастерс титули од 2009 година може да се пофалат само 13 тенисери. Најмногу ги има Новак Ѓоковиќ (26), Рафаел Надал има 18, а Роџер Федерер и Енди Мареј по 12. Покрај големата четворка, во победи на тениските „илјадарки“ уживаа уште Александар Зверев (2), Николај Давиденко (1), Робин Содерлинг (1), Стен Вавринка (1), Жо Вилфред Цонга (1), Марин Чилиќ (1), Давид Ферер (1), Иван Љубичиќ (1) и Енди Родик (1).

Григор Димитров Мастерс Ник Кирјос Синсинати тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.